Хуманитарна акција на ОО СДСМ Прилеп – денеска поделени 100 хуманитарни пакети во Варош

 

Општинската организација на СДСМ-Прилеп, под мотото „Сите против коронавирус“,  денеска започна со спроведување на голема хуманитарна акција, со која ќе бидат донирани над 1.000 пакети со намирници за храна и средства за хигиена, на социјално загрозени семејства, самохрани родители, стари и изнемоштени лица.

 

„Почитувајќи ги мерките и препораките за заштита од коронавирусот, на околу 100 семејства од населбата Варош денеска им беа донирани хуманитарни пакети. Хуманитарната акција продолжува и во наредните денови, во градот и населените места од општина Прилеп каде има семејства и граѓани од социјален ризик. Во овие тешки околности за нашиот град и за државата, повикуваме и поттикнуваме на солидарност и хуманост. Сите заедно да им помогнеме на ранливите, болните, сиромашните. Да покажеме лична одговорност и да водиме грижа еден за друг. Да ги почитуваме мерките за заштита и заедно да ја победиме пандемијата на коронавирусот“, информираат од ОО на СДСМ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.