ВИДЕО – Богоески : Во инфективно имаме 5 пациенти позитивни на Ковид 19 и 4 лица за кои се чека резултат

 

Моментално во инфективното одделение во Општа болница Прилеп, имаме 5 пациенти позитивни на корона вирус хоспитализирани, од кои четворица се со средна возраст и еден е повозрасен пациент. Истакна Драган Богоески, директор на општа болница Прилеп.

 

 

Исто така имаме и четворица пациенти кои се со температура или респираторни симптоми, кои се исто така сместени во простор за изолација и за кои се чека резултат од тестирањето. Нема хоспитализирано деца, досега немаме ниту еден пациент хоспитализирано од детска возраст во болница Прилеп“, рече Богоески.

 

Поради тоа што тројцата инфектолози веќе биле истоштени од работа денеска на состанок на кризниот штаб на ниво на болница било одлучено да се вклучат пет специјализанти и пет сестри од другите одделенија со цел да им помогнат во работењето.

 

„Тие ќе работат под супервизија на инфектолозите, да учествуваат во прегледувањето на такви пациенти со респираторни симптоми или со покачена температура и таа е добра мерка, во делот да малце тие доктори се растеретат во работењето, бидејќи покрај прегледите кои ги обавуваат на нови пациенти, мора да се грижат и за оние кои се стационирани, како за тие што се со позитивен наод, така и за тие што се моментално примени под сомнение што се за корона вирус, а меѓу нив има и пациенти со потешки симптоми“, кажа Богоески.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи