Починатиот 73 годишен прилепчанец бил хоспитализиран на 1 април

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент (73 години) од Прилеп, примен на болнички третман  на 1 април“, соопштија денеска од  Министерството за здравство.

 

Инаку денеска во Прилеп се регистрирани 8 нови случаи на инфицирани со коронавирус. Со тоа бројот на заразени со Ковид 19 во градот се искачи на 58.

 

На Инфективното одделение во Општата болница „Борка Талески“ во моментов се наоѓаат 7 лица, од кои 5 се со позитивен наод, а на две лица им е земен брис и се чекаат резултати. Сите 7 лица се со средна клиничка слика.

 

Во самоизолација се наоѓаат 264 лица. Во текот на ноќта и денешниот ден, не се забележани случаи на непочитување на на полицискиот час и на самоизолацијата.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи