Починатиот прилепчанец од корона вирус е повозрасен маж

Денеска еден од пациентите кои се наоѓаат на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје, утринава почина, станува збор за повозрасен маж, информираат од Општина Прилеп.

 

 

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент (73 години) од Прилеп, примен на болнички третман  на 1 април“, соопшти Министерството за здравство.

 

 

Инаку денеска во Прилеп се регистрирани 8 нови случаи на инфицирани со коронавирус. Со тоа бројот на заразени со Ковид 19 во градот се искачи на 58.

 

На Инфективното одделение во Општата болница „Борка Талески“ во моментов се наоѓаат 7 лица, од кои 5 се со позитивен наод, а на две лица им е земен брис и се чекаат резултати. Сите 7 лица се со средна клиничка слика.

 

Во самоизолација се наоѓаат 264 лица. Во текот на ноќта и денешниот ден, не се забележани случаи на непочитување на на полицискиот час и на самоизолацијата.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи