ВИДЕО – Јованоски : Ќе побарам вклученост на Армијата за спроведување на мерките, граѓаните не се дисциплинирани, фирмите кои имаат заразен да не помислуваат да работат

Поради зголемениот број на заразени со корона вирус во Прилеп, кој само денеска изнесува 14 лица од Општината најавуваат дека утре ќе побараат од Владата воведување на построги мерки. Утре во Прилеп ќе дојдат шефот на централниот кризен штав, Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Според локалната самоуправа имало голема недисциплина и непочитување на мерките од страна на граѓаните, но и од дел од фирмите кои работат или сакаат да започнат со работа иако кај нив имало регистрирано случаи на Ковид 19.

 

 

Ќе побарам поголем вклученост на Армијата за спроведување на мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство. Мора да го спречиме групирањето и гужвите, посебно пред банките и маркетите во нашиот град. Исто така, во оваа прилика сакам да потенцирам, компаниите каде има потврдени случаеви на нивни вработени кои се заразени со корона вирусот, во вакви услови не смеат ниту да помислам повторно да ги активираат своите производствени капацитети, додека не се создадат барем минимални услови за работа, според проценките на надлежните служби.

 

Почитувани граѓани, мора безусловно и без икслучок да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирусот. Се работи за вашите семејства, за вашите најблиски, за вашето здравје и за здравјето за сите нас.

 

Некои земји со препораките се доволно свесни и совесни да ги почитуваат, ние со забрани нашите граѓани не го почитуваат тоа. Тоа е трагедијата и мислам дека само свеста кај граѓаните мора да дојде до израз. Една од причините е ова што ги повикав утре да разговараме, на најдобар можен начин да не не снајде Дебар“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи