ВИДЕО – Станимировиќ : Имаме многу асимптоматски случаи и не знаеме колку мина заразиле тие, има и многу такви што поминале со благи симптоми на настинка и ние сега ги откриваме

Според надлежните засега бројот на заразени е очекуван и затоа веднаш не се бара воведување на карантинска мерка како во Дебар, но не се исклучува и таа можност доколку таkа проценат стручните лица. Прилеп се наоѓал во втората фаза на епидемијата.

 

 

Имаме постојано пораст на бројот на заболени. Рачунајте дека имаме многу асимптоматски случаи во оваа фаза. Од тие асимптоматски случаи не можеме да знаеме колку имаме заразени. Ние откриваме нови случаи, меѓутоа и самите не знаат, не даваат податок дека биле во контакт со некој што имал симптими, можеби се заразиле од асимптоматски некој. Значи сега имаме доста и асимптоматски случаи покрај симптоматските, така да не можеме да зборуваме за групирање.

Има случаи во оваа фаза кога не можеме точно да го одредиме кој ни е изворот на зараза. На почеток го следевме ланецот на инфекција, така да ги детектиравме тие кластери или групи. Меѓутоа сега во моментот ни излегуваат нови кластери, од тие први новозаразени сега се заразуваат членови на нивни семејства, се заразуваат нивни контакти на работните места, а кластер е таква група поврзана со епидемиолошка врска.

Сега можеме да зборуваме за многу такви групирања, сега имаме асимптоматски случаи, со многу лесна клиничка слика, имаме поготово во фирми, кои сега кога се враќаме и ги правиме епидемиолошките истражувања, наоѓаме лица кои имале симптоми подолг период наназад, пред ние да ги откриеме првите“,рече Татјана Станимировиќ, епидемиолог.

 

Според епидемиолозите многу било тешко да се открие кој бил првиот пациент во едно жариште, зошто тој можел да помине и со благи симптоми на настинка.

 

Ние значи правејќи ги епидемиолошките случаи, сме тестирале, излегол некој позитивен симптом, со симптоми во некој од фирмите. Одиме понатаму, ги следиме контактите, наоѓаме нови заразени и сега кога ќе се вратиме назад, откриваме дека во нивната фамилија некој со полесни симптоми поминал пред една недела до две.

Така да не можеме да ги обвиниме работодавачите дека баш од кај нив излегол вирусот. Може да се шири внатре во фирмата, ама не можеме никого да обвинуваме. Многу е тешко да откриеме кој е оној прв случај, дали бил асимптоматски, дали поминал на почетокот со благи симптоми на настинка.

Има многу такви што поминале со благи симптоми на настинка и сега ние ретроградно ги откриваме кога ќе откриеме позитивен член од нивното семејство, со јасно изразени симптоми, се потврдило дека се работи за корона вирус и после ќе се потсети дека сопругата и детето беа настинати на 15 март или порано“, додаде Станимировиќ.

 

Во моментов Прилеп има 72 заразени лица. Моментално 12 мина се сместени во инфективното одделение во Прилеп, од кој 6 се потврдени случаи, за 3 се чекаат резултати, а тројца биле примени вчера. Двајца прилепчани биле на кислородна поддршка. Досега биле тестирани 280 граѓани.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи