Осум години од масакрот кај Смилковско езро

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Денеска се навршуваат осум години од петкратното убиство кај Смилковското езеро. На 12 април 2012 година, на Велики четврток беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 годишен рибар од селото Црешево.

 

За овој грозоморен чин кој се уште нема разврска и кој се уште ја вознемирува македонската јавност беше отворен судкиот предмет „Монструм“, во кој на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

 

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост.

 

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот е вратен на повторно судење.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи