ВИДЕО – Јованоски : АРМ е на улиците на Прилеп, граѓаните мора да се превоспитаат, да не им падне на памет на компаниите каде имало Ковид 19 да отворат без да дозвола од надлежните

 

Армијата излезе на улиците во Прилеп. Уште од раните утрински часови војниците се распоредија пред сите поголеми маркети и експозитурите на банките за да прават ред кај граѓаните. Деновиве пред овие објекти имаше огромни гужви и турканици. На тротоарите пак пред сите банки и маркети се залепени налепници на кои пишува „СТОЈ ОВДЕ“ и тие се поставени на она препорачано растојание од минимум 2 метри.

 

 

Денеска има и нов смртен случај во Прилеп од Ковиде 19, 68 годишен маж хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Исто така денеска има и 3 нови случаи. Асистенцијата на војската уште вчера ја градоначалникот според кого граѓаните мора да се дисциплинираат, но и фирмите кои имаат заразени со Ковид 19.

„Од денес од утринските часови, од 8 часот беа на располагање 15-тина припадници на армијата, онаму каде што имаше најголема потреба и она што загрижуваше во Прилеп претходните неколку денови, пред маркетите и пред банките, каде имаше голем број на граѓани, морам да спомнам несовесни, кои не го почитуваат редот и оние препораки што ги дававме неколку денови. После поставувањето на знаците што ги постави Општина Прилеп во ноќните и утринските часови пред овие експозитури и маркетите во градот, „СТОЈ ОВДЕ“ со црвени четириаголници, и видовме денес после обележувањето и по присуството на армија се виде дека веднаш е подруга ситуацијата.

Да напоменам само дека присуството на армијата граѓаните не го почувствуваа како страв, туку напротив како загриженост на армијата, затоа доаѓа на помош, како безбедност и сигурност. Армијата била секогаш добредојдена во наша општина, граѓаните гаат не само интерес, туку и симпатии кон армијата и овој пат тоа го покажаа.

Граѓаните на Прилеп мора, малку ќе бида вулгарен, да се превоспитаме, затоа што ништо не доаѓа од надвор, се е од внатре и ако успееме од внатре да ги почитуваме и да ги спроведиме мерките, ќе биде помалку ризично, ќе има помалку заразени, ќе има помалку болни и тоа е начинот.

Уште еднаш сакам да апелирам за овие велигденски празници да ги почитуваме максимално мерките, посебно за возрасните над 67 години, пензионерите кои треба да излегуваат не повеќе од 2 часа кога им е онаа наредба, и младите тие два часа што треба да ги користат, да не ги користат за збирање во викендички, излетнички места или во Паркот на револуцијата.

И уште еднаш ќе напоменам, да не му падне на памат на некои од компаниите кои што се затворени, да отворат без да добијат дозвола од надлежните служби, од епидемиолошката служба, од стопанската комора, бидејќи тие се надлежни и само тие одлучуваат“, исткна градоначалникот Илија Јованоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.