ВИДЕО – Црквата Свето Благовештение во Прилеп и за овој Велигден ја организираше традиционалната хуманитарна акција

Црквата Свето Благовештение во Прилеп по 11-ти јубилеен пат ја организираше хуманитарната акција за Велигден со која на околу 110 социјално загрозени семејства ќе им бидат поделени пакети со прехрамбени производи во износ од по 2.500 денари.

 

 

Вакви акции се организираат за Божик и Велигден, а координатор и организатор на целиот настан е неофицијална хуманитарна организација која го носи името на Свети Никодим Прилепски и Тисмански, чија икона во 2015 година започна да мироточи токму во црквата Свето Благовештение.

Во акцијата со средства учествуваат добронамерни хумани граѓани, компании од Прилеп, самата црква, свештениците и верниот народ кој можеше да остави пари во специјалните кутии кои изминативе денови беа поставени во сите цркви во градот.

Утре дел од овие пакети освен во Прилеп ќе бидат поделени и во неколку населени места.

Откако заврши акцијата во знак на благодарност се упатија молитви кон Свети Никодим Прилепски и Тисмански пред мироточивата икона.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.