Стерјоска : Дали 14 вработени од Интерно се во самоизолација и дали медицинска сестра е заразена од коронавирусот, а началникот си дал оставка?

Во ек на пандемија и во овие тешки денови за сите, кога бројката на новозаразени од коронавирусот во Прилеп постојано се зголемува, СДСМ во групи дели пакети со продукти. Вчерашните фотографии од пред штабот на СДСМ пред Табана се доказ за целото лицемерие и непочитување на мерките за заштита на здравјето на граѓаните, кои патем тие како власт ги носат. Истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Овие фотографии се загрижувачки и значат само едно, загрозување на здравјето на граѓаните. Дел од оваа акција се и директори на институции и вработени во јавните претпријатија, кои во работно време се растрчани од куќа до куќа.

Ги повикуваме Миле Талевски и градоначалникот Илија Јованоски превоспитувањето да го започнат во своите редови и да престанат да ги обвинуваат сите граѓани за непочитување на препораките.

Уште еднаш ги повикуваме јавно да одговорат од каде толку пари во буџетот на вашиот партиски огранок?

Врз основа на што одредувате кое семејство треба да добие помош, а кое не?

И дали ќе покажете јавно и транспарентно сметки пред јавноста за извршени набавки?

Почитувани, овие луѓе се на власт во изминатите 3 години, нив не ги интересира јавното здравје и справувањето со пандемијата, туку едноставно градењето на политички поени врз грбот на граѓаните.

Ја ангажираа Армијата на Република Македонија како редарска служба, секојдневно држат празни прес конференции и се сликаат, а непочитувањето и можноста за ширење на вирусот потекнува токму од нив.

Денешната прес конференција ќе ја искористиме и да прашаме дали докторот, началник на интерно одделение во Општата градска болница „Борка Талески“ си поднесе оставка? Доколку е вистина, дали причините за ова се несогласувањата со директорот на болницата и недоволната заштита на здравствениот кадар?

Дали е вистина дека 14 вработени од ова одделение се во самоизолација и дека една медицинска сестра е заразена од коронавирусот?

Ова се прашања на кои граѓаните очекуваат одговори. Од вас се очекува борба за секој човечки живот, а не политиканство и кампања во пандемија“, рече Стерјовска Локвенец.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи