Пет нови случаи со Ковид 19 во Прилеп

Министерот за здравство Филипче ги објави најновите податоци за состојбата од Ковид-19 во земјава.

Регистрирани се 15 излекувани пациенти, 6 од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови. Потврдени се нови 37 случаи на коронавирус во земјава.

– Скопје 8
– Куманово 9
– Прилеп 5
– Тетово 3
– Велес 3
– Охрид 8
– Кочани 1

Починаа двајца пациенти позитивни на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.

Во изминатото деноноќие направени се 314 теста, а вкупно досега 11870 тестирања на коронавирусот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи