„Од почетокот на избивањето на епидемијата, ние сме заедно со вас во справувањето со кризата и надминувањето на тешкотиите во вашите напори да ја победите пандемијата. Во изминатите неколку недели, вирусот се шири брзо и масовно во повеќе земји во светот. Дознавме дека во моментов се шири и во  Македонија, исто така, што ве става во клучна улога во борбата против него. Ние сме со вас. Вирусот ги урна сите граници, но љубовта ќе преовлада во светот. Во овие тешки времиња, од името на локалната Влада на Дјанг и на четирите милиони жители ви испраќаме поддршка на вас и вашиот народ. Ние обезбедивме дел од потребните материјали за донација за нашите пријатели во Прилеп, придонесувајќи во вашата борба против пандемијата. Во овој момент ние цврсто стоиме заедно со вас и вашите напори да се справите со ситуацијата“, се наведува во писмото на градоначалникот на Дејанг, Хе Ли.