ВИДЕО–Вработените во „Еурокомпозит“ 5 месеци без никакви примања и здравствено осигурување – се кради и уништува државениот имот

60-тина вработени во државната компанија „Еурокомпозит“ од Прилеп се оставени веќе 5 месеци без никакви примања и здравствено осигурување. Крајно се револтирани бидејќи никој од Владата досега ниту ги исконтактирал, ниту им кажал што ќе се случува со фирмата понатаму и покрај тоа што имале упатено неколку писмени барања. Велат дека е срамота во ваква пандемија да немаат здравствено осигурување.

 

 

„Да излези некој од Владата и да кажи овие 60 вработени во која група спаѓаат, дали во вработени, дали во невработени и дали некои мерки воопшто ќе бидат превземени за нас, како што најавуваше г-динот Заев. Сите викаат да седиме дома, а како да издржиме нека кажи некој од Владата. Значии ние ако побараме некои лекарства по болнициве ни велат дека сте вработени ама немате платено здравствено осигурување“, истакна Еоберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.

 

„Ниту некој не прашува нешто, ниту ништо. Немаме пари, ниту не прашуваат дали да ни дадат некој вид на социјална помош, немаме ниту здравствено осигурување, еве сега сме во ек на пандемија. Не дај Боже од обичен грип да се разболи некој од овие луѓе, па камоли не дај Боже од корона јас незнам како би отишол тој на лекар, со што би платил“, рече Жарко Јорданоски, вработен во Еурокомпозит.

 

А во меѓувреме се пусти и ограбува државниот имот. Фабриката не работи, објектот го чува полиција, но пред неколку денови се случиле кражби на делови од ЦНЦ машините, кои сега според синдикатот на компанијата се комплетно уништени и неможат да се употребуваат во иднина.

 

Тие машини се уништени трајно, не може да функционираат никако. Тие делови кои се украдени не може нииту да се набават, ниту да се купат за да продолжи таа машина да работи. Тие делови се бакар, крадени се за во отпад. Тие се крадени дури чува полицијата, крадците се фатени, но штетата е огромна бидејќи деловите не се прописно вадени туку откорнати“, додаде Богданоски.

 

Исто така државата не го реализирала нивното барање за продолжување на договорот со МВР кој тие го склучиле во 2015 година, за производство на панцири. Доколку се реализирал истиот според вработените тие ќе имале плата за неколку месеци.

 

Досега не се реализираше ниту договорот и ветувањето од Владата со кој таа се обврза да ги покрие неисплатените придонеси од 2012 година до денес, иако одлуката излезе и во Службен вецник.

 

На вработените не им се исплатени и околу 18 плати, а оние кои заминаа како технолошки вишок треба да добијат по уште околу 60.000 денари и за отпремнина.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи