Денес нема новозаболени со корона во Прилеп – по повод Голем Петок, во Варош поделени 1.500 маски

 

Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, петок 24 април:

 

  1. Денеска во општина Прилеп нема нови случаи на лица заболени од КОВИД-19;
  2. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 17 лица позитивни на коронавирус. Тројца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат 4 пациенти, двајца од нив се негативни на коронавирус, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати;
  3. Во самоизолација се наоѓаат 356 лица;
  4. Во текот на изминатото деноноќие немало прекршување на полицискиот час.

Во текот на денешниот ден, Општина Прилеп на претседателите на Урбаните заедници им дистрибуираше дополнителни 3.500 заштитни маски, кои ќе им бидат поделени на жителите на сите Урбани заедници.

Истовремено, заради зголемената фреквенција на луѓе за време на одбележувањето на празникот Голем Петок – Балаклија, пред манастирот „Св.Архангел Михаил“ и црквата „Св.Димитрија“ во населбата Варош, на граѓаните им беа поделени 1.500 заштитни маски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи