2 нови случаи на Ковид 19 во Прилеп, 19 на ниво на држава, денеска има и 2-јца починати

 

Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Куманово -8, Прилеп -2, Струга -2, Велес -2, Гостивар-1, Виница -1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.386, а последната дистрибуција по градови е следна:

 

Скопје – 471
Куманово – 371
Дебар – 51
Штип-34
Прилеп –141
Тетово – 73
Струга – 64

Велес – 66
Битола –19
Охрид –15
Кавадарци – 5
Гостивар –15
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28

Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино -4
Демир Хисар – 1
Македонски Брод -2

Пехчево- 1
Валандово -1
Виница – 2

 

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти во: Скопје – 22, Штип -1, Струга – 19, Охрид – 1, Велес – 6, Гевгелија -3, Кавадарци – 1, Крива Паланка -1 и Куманово -72.

 

Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба.

 

Направените 335  теста се преку: ИЈЗ –290, Ветеринарен ф-тет – 0, Авицена – 0, Биотек –25, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  – 15 и МАНУ -5 .  Досега во земјата се направени вкупно 15120 тестирања на ковид -19.

 

На инфективната клиника во Скопје примени се 3 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 5 се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кисородно зависни. Останатите пациенти се стабилни.
Во ГОБ „8 септември“, примени се 6 нови пациенти, а вкуоно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика 5 пациенти, а вкупно на респираторна машина се 7.

 

Во Болницата во Битола  се лекуваат 7 пациенти од кои 1 пациент е во тешка општа  состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 9 пациенти и нивната состојба е стабилна.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи