Два случаи на новозаболени од КОВИД-19 денеска во Прилеп, а петмина прилепчани се излекувани

Во општина Прилеп денеска се евидентирани два случаи на новозаболени од КОВИД-19, додека петмина граѓани се излекувани од оваа заразна болест. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 17 лица позитивни на коронавирус.

 

Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Четворица пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, задржани се заради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати;

 

Во самоизолација се наоѓаат 242 лица.

 

Во деновите од викендот забележани се 5 нарушувања на полицискиот час.

 

Во Општина Прилеп пристигна донацијата од Министерството за здравство од 32.000 заштитни маски, која ја дистрибуираше Дирекцијата за заштита и спасување.

 

Инаку во саботата и неделата, Општина Прилеп спроведе акција за дезинфекција на улиците во сите Урбани заедници во градот, а дезинфицирани беа и влезовите и скалите, се’ до највисоките катови на станбените згради во градот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи