115 години од смртта на Никола Карев, претседател на Крушевската Република

 

 

На денешен ден пред 115 години во нерамноправна битка, на 28 годишна возраст загина претседателот на Крушевската Република, Никола Карев.

 

Карев, кој е роден во Крушево во 1877 година загина на 27 април 1905 година во месноста Свиланово, во близина на кочанското село Рајчани. По неуспешните обиди легално да се врати во Македонија, пролетта 1905 година, Карев решил да го стори тоа илегално. За Македонија тргнал со товар литература и со намера да се оддаде на социјалистичка дејност. На 26 април 1905 година, неговата чета на пат за Крушево преноќила во селото Рајчани, помеѓу Кочани и Пробиштип. Но, тука четата била предадена и веднаш била опколена од турската војска. Следниот ден, на 27 април, во нерамна борба со турскиот аскер, кај месноста Свиланово, загинал Никола Карев, заедно со повеќе борци од неговата чета.

 

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и директорката на ООУ „Никола Карев“ Оливера Чавкароска положија цвеќе пред споменикот на Карев во Крушево и оддадоа почит на големиот македонски херој.

 

„Оваа година вонредната состојба и кризата со коронавируост не не’ спречи да оддадеме почит на нашиот херој и прв претседател на Крушевската Република. Одбележуваме 115 години и овој ден заедно со животното дел на Карев нека бидат водилка во нашата работа за граѓаните на општина Крушево и за поубав живот во државата“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

Секоја година Општина Крушево и ООУ „Никола Карев“ организираат приредба за одбележување на патрониот празник на основното училиште, но заради вонредната состојба и во насока на почитување на мерките и препораките за физичко дистанцирање оваа година таква приредба не се одржа.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи