Во понеделник, 4 мај, од 09 до 14 часот, во Општина Прилеп ќе се одржи крводарителска акција

Општинскиот кризен штаб во Прилеп денеска одржа состанок за актуелната состојба со КОВИД-19 во општина Прилеп, како и за активностите кои се преземаат за справување со вирусот.

 

„ Деновиве во Општина Прилеп пристигна донација на Министерство за здравство преку Дирекција за заштита и спасување, која се состои од 32.000 заштитини маски за граѓаните од нашата општина. Да напоменам дека во изминатиот период на граѓаните им поделивме околу 80.000 бесплатни заштитни маски, во институциите, преку урбаните заедници. Се додека има потреба, општината ќе дистрибуира бесплатни заштитни маски. Исто така, во текот на вчерашниот ден во Општината пристигнаа 200 заштитни одела – скафандери, донација од збратимениот град Дејанг, од кинеската провинција Си Чуан, како поддршка во справувањето со пандемијата на КОВИД-19. Изминатиот викенд извршиме генерална дезинфекција на сите улици и згради во Прилеп, а викендот што следува ќе извршиме и целосна дезинфекција во населените места во општината“, истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

Се упати и апел до земјоделците сите земјоделски работи во текот на продолжениот викенд да ги извршуваат во периодот од 05 до 14 часот, односно до почетокот на полицискиот час.

 

„Во склоп на целокупната ситуација со Ковид-19, следниот понеделник, 4 мај, од 09 до 14 часот, во просториите на Општина Прилеп на моја иницијатива ќе биде организирана крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје. Во таа насока, би сакал да потенцирам дека доброволното дарување на крв е секогаш добра идеја, дури и во услови на пандемија. Има болни на кои нашата крв им е неопходна и не можат и не смеат да чекаат да помине пандемијата“, додаде Јованоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи