Јованоски : Граѓаните викендов да не се собираат и групираат, ќе примам минимална плата, а остатокот ќе го уплатам во Фондот за бoрба против КОВИД-19

Апелирам, во текот на претстојниот продолжен првомајски викенд, да нема масовно собирање и групирање на граѓаните на затворен и отворен простор, односно по викендиците и излетничките места во општината. Истакна градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

„Олабавените мерки од Владата, да не се злоупотребуваат, а граѓаните да ги искористат за индивидуални прошетки, затоа што опасноста од коронавирусот се’ уште постои! Но, одговорниот пристап на граѓаните и посветеноста на институциите, дадоа видливи резултати во справувањето со коронавирусот. Во таа насока, да продолжиме со таквото одговорно и совесно однесување и да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски. На крајот, сакам да истакнам дека во знак на солидарност и хуманост, ќе примам минимална плата од 14.500 денари, а останатиот дел ќе го уплатам на сметката Фондот за бoрба против  КОВИД-19“, додаде Јованоски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи