Јованоски : Денеска 4 нови случаи на корона вирус, но охрабрува тоа што секој ден имаме зголемување на бројот на излекувани

Денеска се евидентирани 4 нови случаи на заразени прилепчани со коронавирусот, со што вкупната бројка на инфицирани достигна 147.

 

„За жал, вчера на Клиниката за инфективни болести двајца наши сограѓани ја изгубија борбата со коронавирусот. Во оваа прилика сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на починатите. Меѓутоа, она што охрабрува во целата оваа ситуација, е секојдневното зголемување на бројот на излекувани пациенти од КОВИД-19. Денеска имаме 10 такви случаи, со што вкупниот број на излекувани наши сограѓани изнесува 41“, истакна градоначалникот Илија Јованоски.

 

Во самоизолација се наоѓаат 228 граѓани, а во изминатото деноноќие се забележани 2 нарушувања на полицискиот час.

 

„На инфективното одделение во Општата болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 18 пациенти, а 15 од нив се позитивни на КОВИД-19,  тројца се наоѓаат на одделот за изолација, од кои двајца се негативни на коронавирус, а на еден му е земен брис и се чекаат резултати“, рече Јованоски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи