Денеска тројца починати од корона вирус во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24 април и 87 годишен пациент лекуван на клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост.

 

Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома.

 

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62 годишна возраст, на болничко лекување од 21 април.

 

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања и потврдени се 29 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3.

 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти :

 

– Скопје 18
– Куманово 36
– Дебар 1
– Штип 1
– Велес 10
– Гевгелија 1

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.494, бројката на оздравени пациенти е 807, на починати 81, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи