Денеска четириесет години од смртта на Јосип Броз Тито

На денешен ден во 1980 година во Љубљана почина Јосип Броз Тито, претседател на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

 

Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на Југословенската народна армија.

 

Тито починал во Љубљана, на 4 мај 1980 година. Тој е погребан во мавзолеј во Белград, наречен Куќа на цвеќето. И ден-денес многу луѓе го посетуваат ова место како храм на подобрите времиња.

 

Погребот на Тито беше историски настан за кој се зборува до денешен ден. Присуствуваа 700.000 луѓе, меѓу кои 209 државни и партиски делегации од 180 земји од светот, кои се поклонија пред неговиот гроб. На годишнината од неговата смрт во Куќата на цвеќето пристигнуваат посетители од сите краеви на поранешната СФРЈ.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.