Во последново деноноќие регистриран е еден нов случај на заболен од корона во Прилеп, како и осум оздравени пациенти.
На ниво на држава има 7 нови случаи на Ковид-19 и тоа во 1 во Скопје, 1 во Прилеп, 4 во Тетово и 1 во Кратово. Оздравени се вкупно 47 пациенти: Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, Тетово-13, Охрид-1, Гостивар-5, Кочани-1 и Крива Паланка-1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.
116