И покрај пандемијата, преку видео концерт достоинствено одбележан патрониот празник на музичкото училиште во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Професорите и учениците од Основното музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ од Прилеп, во услови на пандемија кога наставата се одржува преку интернет, својот патрон празник го одбележаа на оригинален начин. Во чест на 78 годишнината од загинувањето на својот патрон, тие подготвија видео материјал, на кој покрај обраќањето на директорката и дел од наставничкиот кадар, неколкумина ученици изведоа музички перформанс.

 

Во своевидниот мал видео концерт, учениците од „Ордан Михајлоски-Оцка“ се претставија со музички композиции отсвирени на пиано, клавир, хармоника, гитара и народни инструменти.

 

 

Во своето обраќање директорката на училиштето Славица Конеска – Темелкоска истакна:

 

„Нашето училиште се карактеризира со посебен дух. Препознатливо е по амбициозниот и млад стручен кадар кој постојано се усовршува. Како резултат на тоа се многубројните награди и признанија за учениците и самите наставници. Вам, почитувани родители, ви благодариме за поддршката и ангажираноста во овие вонредни услови, како би можеле учениците да ја совладаат наставната програма. Во изминатите години нашето училиште ја докажа својата хуманост преку донирање на парични средства собрани од одржаните концерти. За жал, оваа година не сме во можност да го одржиме годишниот концерт на кој се претставуваат најдобрите и најнаградуваните ученици и наставниците. Колективот на нашето училиште одлучи, средствата кои ќе се обезбедат од првиот следен концерт на учениците, да бидат донирани во Детското одделение во болницата од нашиот град. На сите ученици им посакувам добро здравје и успешно да ја завршат наставната година“, порача директорката Конеска – Темелкоска.

 

По повод 78 годишнината од загинувањето на Ордан Михајлоски-Оцка, претставници на Основното музчико училиште кое го носи неговото име, положија цвеќе на Могилата на непобедените, во Паркот на револуцијата во Прилеп.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи