ВИДЕО – Сугарески : Граѓаните да не вадат авионски карти и да не резервираат летови, Владата се уште нема донесено одлука за пуштање на аеродромите

Сакам уште еднаш да упатам апел и да ги замолам граѓаните да не вадат авионски карти, да не резервираат летови, бидејќи Владата се уште нема донесено одлука за пуштање на аеродромите. Истакна денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

 

„Прво ние работиме врз база што ни го дава како предлог Комисијата за заразни болести, се разгледува тоа и понатаму и Владата носи одлуки. Владата треба да донесе одлука за ова, разговарав и со директорот на ТАВ, штом се создадат услови ние ќе ги известиме и ТАВ за целосно да се направи тестирање во делот на пистите, се со цел да можат да се користат аеродромите. Се уште немаме таква одлука, чекаме да видиме што ќе предложи Комисијата за заразни болести, чим предложи, ние го разгледуваме тоа на штаб и во одреден временски период ќе бидат пуштени аеродромите во државава“, додаде Сугарески.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи