ВИДЕО – Сугарески : Опозицијата свесно бега од избори

Јас имав изминатите денови пишано и неколку поста во тој дел, сметам дека опозицијата свесно бега од избори. Ние кажавме дека за нас е најбитно здравјето на граѓаните, меѓутоа треба да се види до кога би траела вонредната состојба. Ова денеска го изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

 

 

„Сметаме дека со олабавувањето на мерките кои што се случуваат и ќе се случат од наредната недела, очекуваме дека штом ќе се создадат услови во најбрз временски период да се одржат предвремените парламентарни избори, кои беа закажани за 12 април. Ние сме на мислење дека тоа треба да се случи, да не оставаме простор да не дај Боже се повтори некаков си друг пик на болеста и да не можат редовните избори да се одржат. Сме на мислење дека тие избори треба да се одржат штом се створат услови за одржување на тие избори“, рече Сугарески.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи