За Денот на македонскиот јазик и македонската азбука

 

 

Постојат некои денови во календарската година само за да не потсетат на “нешта” значајни за нас, за нашето општество, кои ние “свесно” или несвесно ги забораваме.

 

Изгубени во лавиринтите на македонската општествена реалност, постојано бранувана од политички “препукувања” и “бескомпромисни” конфликти заборавивме на суштината на нашиот национален идентитет – нашиот јазик и азбука.

 

Изминаа многу години од поставувањето на темелите на македонскиот јазик и македонскиот пишан систем – македонската азбука , кои се фундамент на нашиот национален идентитет. Преку нив се изразуваме, надоградуваме, реализираме и успеваме да се промовираме во светот.

 

Големиот македонски творечки опус со голем број гласовни и пишани дела како нераздвоив дел од нашата култура остануваат како непопедливи безвременски сведоци за македонскиот јазик и македонската азбука.

 

Денешниот ден – 5ти мај е тука за да не потсети на “нашата најкомплетна татковина” – македонскиот јазик како што го дефинира нашиот великан Блаже Конески, и современата македонска азбука.

 

Многу минати Генерации, сегашни генерации и се надеваме и многу идни генерации ќе го говорат македонскиот јазик и ќе ја негуваат македонската азбука, такви какви што се без суфикси и придавки, зошто такви опстанале низ годините и такви треба да останат и во иднина.

 

Нека ни е Честит 5ти мај – Денот на македонскиот јазик и македонската азбука, и нека секој ден биде ден кога ќе ги негуваме и чуваме зошто тие се камен темелник на нашиот идентитет.

 

Автор: Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи