ВИДЕО – Лошото време, короната и преминувањата во исламот на Ромите во Прилеп ја прекинаа годинава традицијата за Ѓурѓовден

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Врнежливото време, стравот од корона вирусот, но и големиот број преминувања на Ромите во Прилеп во Ислам си го направија своето. Денеска во ромската населба Тризла како и да не беше денешниот празни Ѓурѓовден или како што тие го нарекуваат Едерлези. Денешниот ден според ромската традиција е празник на обновување на природата и заминување на зимата. Но ако лани сликата на местото каде празникот се одбележува со скара и пикник беше ваква, годинава само празни ливади со по некоја скара.

 

 

„Од дедо, прадедо е традиција, останало и ќе си ја тераме таа традиција до крај. Прославата споредено со порано и годиниве е многу послабо. Повеќе народ имаше, се дружевме, имаше музики, вртелешки, се и сешто, интересно беше“, рече Бајрам Сулејманоски, жител на населбата Тризла во Прилеп

 

Некои од Ромите кои живеат во странство специјално за овој ден се враќаа во Прилеп, но денес поради Ковид 19 се спречени во тоа. Според традицијата Ѓурѓовден или Едерлез се празнува неколку дена со музика, игра и приготвување на јадења особено од од јагнешко месо

 

„Денеска за Ѓурѓовден е слабо поради врнежливото време и од страв малку од короната. На Ѓурѓовден се слави вака со скари, јадење, пиење, таков е денот“, кажа Елвис Асаноски, жител на населбата Тризла во Прилеп

 

Голем дел пак признаваат дека не го славата празникот поради тоа што преминале во Ислам, и сега верата не им го дозволувала тоа. Но се присетија како славеле пред само неколку години.

 

„Порано беше пред да се направи џамијата, ние го славевме Ѓурѓовден, и јас сум тој што го славев. Порано се колеа јагниња, вчера ни беше арифе“, истакна Елвис Асаноски, жител на населбата Тризла во Прилеп

 

„Повеќе сме тргнати по муслиманството. Идеа и од вашиве, се честевме, се славеше, се играше, се веселеше, беше убаво. Се печеше јагне на скара и баклава се правеше, татлија“, додаде Џивџит Ликманоски, жител на населбата Тризла во Прилеп.

 

Во недела пак според традицијата е испрраќањето на празникот кога и завршува славењето на Ѓурѓовден.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи