Шар Планина ќе стане национален парк, Осогово заштитено подрачје од петти степен

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Владата го прифати предлогот на Министерството за животна средина со кој Шар Планина и Осоговските планини се додаваат на листата на заштитени подрачја, односно Шар Планина да прерасне во национален парк, а Осогово да биде прогласено за заштитено подрачје од категорија- Б.

 

„Беше утврдено дека овие предели поседуваат високи природни вредности за чие зачувување е потребно да бидат превземени мерки. Со прогласувањето на овие предели за заштитени, ги исполнуваме националните и стратешки цели и меѓународните обврски за заштита на природата односно заштита на пределската разновидност и биодиверситетот, работиме на исполнување на ЕУ директивите за живеалишта и за птици, а од тоа ќе имаат корист и државата и локалните заедници кои живеат на дел од тие територии“, рече министерот за животна средина Насер Нуредини.

 

Сепак со цел Шара да стане четвртиот национален парк во земјава, прво треба да бидат направени дебати, како со експерти, така и со локалното население, при што мислењата и забелешките повторно ќе бидат доставени до Влада за изгласување.

 

Кога Шара ќе биде прогласена за национален парк, тоа ќе биде еден од најголемите национални паркови во Европа. А со оглед на фактот дека пределот на Шар Планина во Косово веќе е прогласен за национален парк, тоа ќе претставува најголем заштитен појас во Југоисточна Европа.

 

Последен пат за национален парк беше прогласена Галичица, во далечната 1958 година.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи