ВИДЕО – Талевски: Инфраструктурните градежни активности во Прилеп на највисоко можно ниво

 

 

Пандемијата на коронавирусот не ги запре инфраструктурните градежни активности во општина Прилеп. Напротив, тие продолжуваат со забрзано темпо, изјави на денешната прес конференција претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талевски.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Капиталните инвестиции во делот на изградба и реконструкција на патишта преку Јавното претпријатие за државни патишта, Министерството за транспорт и врски и Општината, се на највисоко можно ниво и видливи на секој чекор во Прилеп.

 

За прв пат откако е изграден, после цели 55 години се реконструира регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола. Асфалтирани се 15,5 километри од овој патен правец, поставена е банкина, целосно е завршена сигнализацијата, а во завршна фаза е поставувањето на 600 метра еластична ограда.

 

Паралелно со реконструкцијата на стариот пат за Битола, граѓаните се сведоци на изградбата на клучката кај ТИРЗ – Прилеп. Покрај создавањето услови за отворање нови работни места во развојната зона, капиталната инвестиција вредна 6 милиони евра, придонесе за значително подобрување на безбедноста во сообраќајот.

 

Истовремено, на барање на жителите од мариовскиот крај, се врши реконструкција и рехабилитација на патниот правец Лагово-Витолиште, пат кој претходната власт на ДПМНЕ целосно го заборави.

 

Во близина на прилепската касарна го изградивме ИКТ центарот, објект од стратешко значење за Прилеп и државата, во вредност од 11 милиони евра, а го реконструиравме и патот до прилепското езеро.

 

Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Јованоски, е во силна градежна офанзива и буквално во секој дел од градот и населените места, се асфалтираат и реконструираат улици.

 

Нов асфалт е поставен на улиците во населените места Кадино село, Галичани, Ново Лагово, Алинци, а во тек се подготовките за подобрување на патната инфраструктура и во другите населени места.

 

Реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“ се одвива со одличен интензитет. Паралелно, со засилено темпо и во рекордни рокови, во секоја населба од Прилеп се асфалтираат нови улици и се рехабилитираат постојните.

 

Граѓаните го препознааваат  и поздравуваат нашиот сериозен, одговорен и ефикасен пристап во реализирањето на капиталните инвестиции, идентично како и во справувањето со пандемијата на коронавирусот.

 

Затоа, Мицкоски и криминалната ДПМНЕ, бегаат од избори и од соочување со граѓаните“, кажа Талевски.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи