Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6.
Почина еден пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април во ГОБ „8 септември“.
На Институтот за јавно здравје денеска се регистрира 20 оздравени пациенти, по градови во: Скопје и Битола по еден, во Куманово девет, Прилеп двајца, Велес седум.
116