ВИДЕО – 5 години од „Диво насеље“, Димитриевски прашува што точно се случи, семејствата на загинатите ја тужат државата бидејќи полицајците не биле осигурани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денеска се навршуваат 5 години од трагичниот настан во кумановско „Диво насеље“ кога во престрелка со терористите загинаа 8 припадници на македонските безбедносни сили. Еден од нив е и Ненад Серафимовски, од гостиварско Зубовце, припадник на едницата Тигри. Поради неговото прилепско потекло пред 2 години во Прилеп му беше подигнат и споменик, каде денеска припадници на полицијата, членови на фамилијата и претставници на политички партии положија свежо цвеќе.

 

 

„Од оваа случка која беше во 2015 година останаа погодени срца, фамилии, родители, мајки, деца. Останаа животи кои навистина згаснаа прерано и гнијат во земја. Некој ќе живее и ќе шета, а некој скапува во земја како што би рекол народот. Да бидеме храбри и силни за сето ова да го издржиме и понатаму. Хероите живеат вечно“, истакна Мариче Јованоска, роднина на Серафимовски.

 

Иаку за случајот Диво насеље беа обвинети 37 мина кои добија затворски казни, а имаше и 4 ослободителни пресуди. Пресудата за обвинетите од Основниот суд во Скопје ја потврди и Апелација. Според адвокатот Жарко Стеваноски, кој застапува 4 семејства на загинатите бранители, сега тие ќе ја тужеле државата поради тоа што припадниците на безбедносниите сили не биле осигурани од последица смрт.

 

„Во време на случувањата не биле осигурани од последица смрт. Дополнителна полиса е склучена после „Диво насеље“. Така што тоа ќе биде предмет на оценка во постапка за надомест на штета која ќе се води против државата. На семејставата му е исплатен некаков надместок. Не се знае по кој основ. Се уште не знаеме која беше причината без никаква иницијатива да се исплати таквиот надоместок“, рече Жарко Стеваноски, адвокат на 4 семејства на загинатите полицајци.

 

Денеска преку својот ФБ профил се огласи и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој истакна дека се уште немало вистински одговор што точно се случило во Куманово пред 5 години.

 

„Се превртеа многу министри во МВР, многу одговорни лица, но никој не даде точен одговор дали тоа беше политички мотиивирано или навистина се случии нешто за кое денеска нема објаснување. Куманово заслужува одговор што всушност се случии на 9 и 10 мај пред 5 години“, истакна Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

 

Денеска во соборниот храм Свети Никола во Куманово се одржа и панихида за 8-те мина загинати припадници на полицијата, која ај организираше група бранители. На панихидата присуствувашео и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи