ВИДЕО – 700 хектари во Прилеп се зафатени со боров четник, на ниво на држава над 14.000 ха., државата глува за авио третирање веќе 10 години

Над 80 проценти од боровите насади во Прилеп или над 700 хектари се нападнати од гасениците на боровиот четник. Најмногу ги има во пределот околу вештачкото езеро, Селечка планина, Плетвар и месноста Песиобрдце. Просечната старост на овие борови се движи од 35 до 40 години. Од подружницата на Македонски шуми „Црн Бор“  во Прилеп велат дека тие единствено само ги детектираат овие појави и податоците ги испраќале до Министерството за земјоделство и Факултетот за шумарство.

 

 

Според професорот од шумарскиот факултет и раководител на ИДП службата надлежна за шумите, Стерјо Начески, во Македонија боровиот четник го има веќе 30 години, зафатени биле над 14.000 хектари шума. Единствениот спас го гледа во авионското прскање кое за жал за 30 години во Македонија се случило само 5 пати, последен пат во 2010-та. Иако секоја година по ред, веќе една деценија, како служба барале вакво третирање Владата не одобрувала.

 

„Како ИДП служба го препорачавме авионското прскање, е сега тоа излегува во Влада и Владата треба да се изјасни по однос на тоа дали Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе преземе мерки за негово уништување. Крајно време е мислам, многу е итно, бидејќи овие се многу загрозени дрвја и мора да се изврши прскањето оваа година. Моја препорака е, ако не се изврши есенва тие култури се осудени да се сушат“, истакна професор Стерјо Начески, раководител на ИДП службата.

 

Спротивно на ова тврдење од Министерството за земјоделство истакнаа дека годинава не се предвидува авио-третирање за боров четник, а истото се базирало на извештај од ИДП службата со која раководи Начески. Ќе имало само механичка санација на заболените дрвја. Начевски пак вели без авио третирање ќе започне брзо сушење на боровите

 

„Секоја година даваме извештај од некаде 80-тина страници и на крај даваме заклучоци со препораки. Значи ова мора да се направи, санитарна сеча да се изврши на сите оние заболени стебла за да не се прошири појавата. Овде треба да се изврши и авиоуништување на 10.000 хектари од вкупно 14.381 хектар“, додаде Начески.

 

Според експертите за да се уништи боровиот четник требало да се прска авионски 3 години последователно по ред. Но за жал една децеија државата е глува за овие барања.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи