ВИДЕО – Јованоски: Не доаѓа во предвид објектот во Сточен пазар да стане училиште, во судски спор сме дали парцелата е приватна

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Училиштето во населбата Сточен пазар што сакале да го градат претходната власт, ниту имаше потреба, ниту имаше начин како што сакале да го градат на оној дел. Нема потреба од дополнителни школски училници, затоа што е доволен бројот на училниците за учениците што одат во „Рампо Левката“, а онаков објект не знам зошто го нарекувате училиште. Ова денеска го истакна градоначалникот Илија Јованоски, откако пред неколку дена од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека училиштето вредно 10 милиони денари е комплетно уништено поради негрижата и суетата на на локалната самоушрава.

 

 

„Објектот е изграден во средина на нива, ливада, каде нема ниту пристапен пат, ниту електрична енергија, ниту вода и одвод, апсолутно ништо нема. Во меѓувреме добивме и тужбено барање дека наводно било изградено на приватно земјиште, имаме сега и тужбено барање, во тек е судската постапка каде ќе се види дали е на приватно или на државно земјиште. Инаку училиштето беше заклучено по сите стандарди, а ниту имавме можност да го оградиме, затоа што имаме службено барање дека е приватно земјиште. Јас се надевам дека ќе најдиме начин да го приспособиме за некоја друга функција, а никако не може да биде училиште. Ниту случајно можат онде да се воспитуваат и да учат деца“, истакна Јованоски.

 

Но нема одговор дали некој ќе сноси одговорност за направената огромна штета врз објектот изграден со народни пари, кој е оставен без никој да се грижи за него.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи