ВИДЕО – Јованоски: Фестивалот „Војдан Чернодрински“ одложен за наесен, немаме информација за другите настани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Неофицијално имам најава дека „Војдан Чернодрински“ е одложен за наесен, за сите други настани немаме дополнителни информации, изјави денес градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски. Инаку театарскиот фестивал Војдан Чернодрински традиционално се одржуваше во првиот петок од месец јуни.

 

 

„Јас сум сигурен дека ќе бидеме во тек со сите настани, како одминува времето, како ќе дадат можностите и условите со коронавирусот, така и ние ќе се прилагодуваме и приспособуваме. Засега нема одлука од никого, останува статус кво до оној момент додека комисијата за инфективни болести не донесе одлука. Гледате дека се зборува за избори, се зборува за олабавување на ситуацијата и мерките кои треба да ги предложи Владата. Ќе бидеме во тек, секојдневно ќе известуваме заедно и мислам дека ќе одговориме вистински и правилно, како што треба“, изјави Јованоски.

 

Неизвесно е одржувањето и на фестивалот за народни песни и инструменти „Пеце Атанасоски“ кој се одржува на почетокот на јули, а исто така не се знае што ќе биде со најголемата манифестација кај нас Пиво Фест кој се одржува традиционално првиот викенд после празникот Петровден или по завршувањето на Петровденските пости.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи