Лажен мејл за тестирање за Ковид-19 се шири меѓу граѓаните, не наседнувајте на оваа манипулација

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Меѓу граѓаните се шири лажен мејл, испратен од адреса слична на онаа на Министерството за здравство за тестирање за Ковид-19.

 

Мејлот е насловен како „Потребна е акција: Еден од вашите контакти е Covid-19 позитивен“ и во него се бара од луѓето кои го примиле да ја отворат датотеката за да „проверат дали се тестирани“, со закана дека доколку не го сторат тоа „следува апсење и гонење“.

 

Во мејлот е прикачен фајл со наслов „PDF“, кој е сепак во формат на извршна датотека, што наговестува дека станува збор за вирус или малициозен софтвер за кражба на некакви податоци.

 

Министерот за здравство, Венко Филипче апелира до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација.

 

„Апелирам до сите да не потпаѓаат на оваа манипулација. Официјалната е-маил адреса на Министерството е: contact@zdravstvo.gov.mk. Ширење лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество“, напиша Филипче.

 

Од Министерството за здравство информираат дека мејлот е лажен и дека за ова е известен Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, кој веќе постапува за овој случај.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи