Прилепчанец тешко повреден при судир на мотор и трактор на патот Прилеп-Градско

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Во текот на вчерашниот ден во близина на село Дебриште се случила сообраќајка помеѓу мотоцикл и трактор, при што едно лице било повредено и пренесено во болница.

„На 10.05.2020 во 11.35 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на с.Дебриште, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од В.Д.(30) од Прилеп и трактор „масеи фергусон“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.Б.(51) од с.Дебриште, кавадаречко“ велат од МВР.

По незгодата мотоциклистот бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани  тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи