ВИДЕО – Јованоски: Мостот кај Сточен пазар нема да чини 730.000 евра, туку 574.000 евра, изградбата доцни поради појава на неочекувано големо количество на вода

Согласно проектот за инфраструктура и потребата од зголемувањето на просторот за проаѓање на сите транспортни средства на овој дел од градот, на улицата Трајко Николоски, посебно на транзитниот дел од тешкиот сообраќај во нашиот град, имаше потреба од реконструкција и доградба на мостот на овој потег. Истакна денеска градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски. Инаку изградбата на овој мост веќе со месеци е мета на критика на опозицијата според која тој е прескап проект. Според Јованоски изградбата на мостот доцни поради појавата на вода при изградбата на темелите на мостот при што требало одново да се распишува тендер и склулува нов договор специјално за темелењето на мостот.

 

 

„За таа цел се направи јавна набавка за правење на основен проект на мостот за доградба и реконструкција, бетонско-армиран мост на улицата „Трајко Николоски“. На тој јавен оглас фирмата Еуро робот ја доби понудата да го направи основниот проект, беше изработен основен проект минатата година, пред околу 9 месеци и потоа имаше јавна набавка за изведувач на мост. За изведувач на мостот јавната набавка ја доби компанијата „Стентон градба“ од Битола и некаде пред околу 9 месеци почна со изградба, односно реконструкција и доградба на мостот.

 

Но за несреќа со самиот почеток на изведбата на темелеењето на мостот излезе повеќе вода од што очекувал проектантот, како гејзер, и немаше услови да се продлжи со темелеење на мостот. Од тие причини, стручните кадри на Општина Прилеп, му наредија на изведувачот да престане со работа и дека треба да се направи дооформување, т.е. проектот да се измени за да може да се направи ново темелеење.

 

Првото темелеење беше врз основа на стопи, од стручните кадри добив информација дека не било добро, туку требало да се направи нов тип на проектирање, таканаречени колови. Беше задолжен проектантот со истите средства со кои ја доби јавната набавка, да направи нов основен проект, што истото тоа го направи и после тоа распишавме нова јавна набавка само за темелеењето. Комплетно се направи и таа, за среќа можеби, истата компанија го доби и вториот дел од тендерот, така да сега имаме отпочнување на компанијата „Стентон градба“ со темелеење и целокупна реконструкција и доградба на овој мост“, истакна Јованоски.

 

Мостот ќе биде со должина од 24 метри, а ширина 22 метри. Од двете страни ќе има плус по 3 метри како дооформување, за да има преодна линија од коловозот со дел од мостот. Така да во суштина мостот ќе биде долг околу 30-тина метри., Ќе има 4 коловозни ленти, секоја ќе биде со широка по 3.5 метри и од секоја страна е планирано да има пешачка патека од 2.5 метри и велосипедска патека од 1.5 метри. Сето заедно во двата правци ќе биде 22 метри.

 

Овој мост било планирано да се гради околу 4 до 5 месеци и средствата кои ги одделила Општина Прилеп биле околу 35.000.000 или 574.000 евра. Јованоски вели дека било дезинформација дека мостот ќе чибел 730.000 евра.

 

„Тоа се дезинформации, или лошо информирани граѓани, можеби и вие новинарите имате грешна информација. Првиот договор беше направен на 30.000.000 денари, ама тој не се реализира целиот, туку се реализира околу 21 милион и вториот договор околу 14 милиони, така да околу 35 милиони денари. Бидејќи првиот договор не се реализира во целост, затоа што темелите не се направија, само се промени типот на темелеењето, првиот беше со стопи, а сега се направи со колови. Значи тие колови се 76 на број, во длабочина ќе бидат 13 метри и дијаметар на секој кол ќе биде 80 сантиметри. Комплетно ќе добиеме еден одличен мост, со кој мислам прилепчани ќе се гордееме и сум сигурен дека после 5 месеци, во септември, кога ќе добиеме комплетна реализација на мостот, сите ќе бидеме задоволни. Ниту е поскап, ниту е мовче како што некои милуваат да го кажуваат, тој ќе биде најдобар и најубав и најголем мост во нашата општина на градската река во Прилеп“, истакна Јованоски.

 

Исто така имало и проект за проширување на улицата „Трајко Николоски“ кој ќе се реализирал по изградбата на мосто. Улицата ќе била широка, колку што се широки страничните коловозни ленти од едната и од другата страна на мостот. Но улицата „Трајко Николоски“ ќе биде широка колку мостот само од улицата „Александар Македонски“ до мостот, а тука па се до раскрсницата со улицата „Леце Котески“, дополнително ќе се утврдувало колку простор ќе има за проширување.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи