Тутунски комбинат Прилеп со квартална загуба од 60,4 милиони денари

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Тутунски комбинат Прилеп (ТКП) соопшти дека во првиот квартал од 2020 година остварил нето загуба од 60,4 милиони денари, по загубата од 48,5 милиони денари во истиот период лани.

 

Вкупниот приход на компанијата во првите три месеци од годинава се намалил на 70,8 отсто, иако продажбата на домашниот пазар е зголемена за 23,5 проценти на 15,77 милиони денари.

 

Ваквиот пад се должи на фактот што компанијата не остварила приходи од продажба во странство во првиот квартал од 2020 година. Во периодот јануари-март 2019 година ТКП од активности во странство оствари 39,39 милиони денари.

 

Вкупните оперативни трошоци на ТКП се намалени за 36,4 отсто на 65,79 милиони денари.

 

Со акции на Тутунскиот комбинат Прилеп последен пат на Македонската берза се тргуваше на 27 декември минатата година, по просечна цена од 250 денари за акција.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи