Јованоски: Во овие 2 месеца, со нов асфалт ќе бидат реконструирани улици со должина од 15 до 16 км.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Интензивните градежни активности на патната инфраструктура, кои Општина Прилеп ги отпочна во текот на изминатиот месец и кои со исто темпо продолжуваат во тековниот месец мај, ќе резултираат со реконструкција и асфалтирање на најголем дел од улиците во градот и населените места. Ова денеска го потенцираше првиот човек на општина Прилеп, Илија Јованоски, за време на денешниот увид во рехабилитацијата на улици во населбата Точила, каде истовремено се врши и поврзување на водоводната и канализациона мрежа за локацијата на која ќе се градат покриен базен и нова детска градинка.

 

„Да напоменам дека во овие два месеца, со нов слој на асфалт ќе бидат реконструирани и рехабилитирани улици со вкупна површина од околу 60.000 м2, или во должина од 15 до 16 километри. Денеска се наоѓаме во населбата Точила, каде се изведува најголемиот инфраструктурен проект, во смисла на рехабилитација и реконструкција на улици. Се работи на улиците „Самоилова“ и „Војводинска“, на кои ќе биде поставен асфалт во вкупна должина од 2.100 метри, или на површина од околу 13.000 м2. Во непосредна близина се наоѓаат и ‘К’ зградите, за кои е во тек изработка на проектот за уредување на просторот околу нив. Истовремено, сакам да напоменам дека во моментот се врши инфраструктурен зафат за поврзување со водоводна и канализациона линија на делот од населбата Точила, каде ќе се градат новата детска градинка и покриениот базен. Во тек е изработката на Основниот проект, во текот на летото ќе бидат распишани тендерите за овие два капитални објекта, а наесен ќе започне нивната изградба“, изјави градоначалникот Јованоски.

 

Градоначалникот Јованоски нагласи дека со овие капитални инвестиции, се заокружува изградбата на целокупната инфраструктура во населбата Точила, со што овој дел од Прилеп ќе добие целосно нов лик.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи