Грција ги отвора плажите викендов

 

Овој викенд Грција ги отвора плажите за посетители, по одобрението добиено од страна на надлежниот Комитет за заразни болести, но под строги правила и мерки.

 

Максималниот број на посетители е 40 на 1.000 метри квадратни, а минималната оддалеченост од еден до друг чадор е 4 метри, а под еден чадор може да има најмногу две лежалки на 1 метар оддалеченост, со исклучок на фамилиите со мали деца.

 

Откако ќе замине секој гостин, лежалките ќе бидат дезинфицирани од персоналот, кој постојано мора да носи санитарни маски.

 

Рестораните и баровите нема да пуштаат музика, а ќе продаваат храна и пијалоци, но само за туристите да ги подигнат, бидејќи сите маси и столови треба да бидат отстранети.

 

Плажите примаат гости само од 08,00 часот наутро, со што се елиминира раното утринско пливање. Исто така забрането ќе биде собирање луѓе во групи и спортувања за кои е потребен физички контакт. Тоалетите и кабините за туширање мора постојано да бидат чисти и дезинфицирани.

 

Грчките власти соопштија дека песокот, морската вода и воздухот нема да бидат проблем околу ширењето на заразата на коронавирусот.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.