Осуммина прилепчани обвинети за непочитување на полицискиот час

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно осум лица, кои не ги почитувале мерките на Владата донесени со цел спречување на заразната болест Ковид-19.

 

Спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, обвинетите за време на полицискиот час се движеле на различни локации во градот, со што сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

 

Во предлогот поднесен до Основниот суд Прилеп, Обвинителството бара за секој од обвинетите да биде изречена парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на глобата од 20 евра во денарска противвредност, соопшти Обвинителството.​

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи