Скринингот во градинките кај нас е планиран за 28 и 29 мај, истиот ќе се врши и во пунктот во Центарот за јавно здравје, меѓутоа ќе формираме и екипи кои ќе работат на терен. Изјави епидемиологот Станимировиќ.
„Значи земање на брисеви во просториите на градинките, ќе биде организирано така да сите кои се тестираат да доаѓаат со маски, ќе бидат распоредени на 10 минути за да не се среќаваат, да немаат меѓусебен контакт, така да ќе имаме една слика за бројот на асимптоматски случаи позитивни на коронавирус и ќе може да се донесе заклучок за понатамошните мерки“, додаде Станимировиќ.