ВИДЕО – Станимировиќ : Вирусот ослабува, имаме се помал број заразени во Прилеп, а се намалени и случаите со тешка клиничка слика

Од почеток на пандемијата во Прилеп се регистрирании 193 заболени, подеднаков е бројот на мажи и жени, но смртноста е поголема кај мажите. Во однос на старосната граница бројот на заболени се движи помеѓу 20 и 64 години старост.

 

Според епидемиологот Татјана Станимировиќ последниве 2-3 недели се намалувал борјот на случаи заразении со Ковид 19, а се намалувал и бројот на оние пацииенти со потешка клиничка слика.

 

 

„Додеа во почетокот регистриравме случаи со потешка клиничка слика, можам да кажам дека во последниве 2-3 недели, како што ни се намалува и бројот на заболени, се намалува и бројот на случаите со потешка клиничка слика. Пациентите хоспитализирани во инфективното одделение не се така како што беа на почетокот со тешка клиничка слика, голем број тогаш се праќаа на лекување и во Клиниката за инфективни болести. Значи факт е и она што го тврдат експертите дека со текот на времето овој вирус ослабува, па така се намалува и бројот на заболени, се намалува и тежината на клиничката слика.

 

Инаку следејќи го бројот на заболени ние кај нас од почетокот на пандемијата, односно од 24 февруари можам да кажам дека најголем број на заболени, или пикот, го имавме во периодот меѓу 17 и 24 април. Во период од 2 недели во просек имавме од 40 до 45 заболени, додека почнувајќи од 24 април наваму бројот постепено опаѓа, така да од 1 мај наваму во просек меѓу 15 и 17 заболени имаме на неделно ниво, што значи дека е за половина бројот намален во однос на тој период кога се регистрираа најголем број на заболени.

 

И она што можам да го кажам е дека во последниве две недели ние претежно ги тестираме, ги следиме контактите на веќе потврдени позитивни случаи на Ковид, така да од тие кластери или од кругот на тие заболени наоѓаме новозаболени, нивни контакти, така да она што може да се каже е дека навистина бројката на заболени се намалува“, истакна Станимировиќ.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи