ВИДЕО – „Прилепскиот Мачу Пикчу“ – некрополите и гробниците на Маркови Кули

Ридот Маркови Кули кај Прилеп е местото со дефинитивно најнеобичните форми на карпи не само во Македонија туку и во регионов. На некои од нив интервенирала природата, на некои човечката рака, така што се добила една уникатна симбиоза која создала навистина врвни уметнички дела.

 

Една од најинтересните форми е карпата која некои ја нарекуваат карпа „птица“, други „жаба“, а дел пак ја нарекуваат „прилепскиот Мачу Пикчу“. На карпата која која плени со својата мистика и несекојдневност, има издлабено над 50  гробови. Гледано од страната на Прилеп, таа се наоѓа на задниот дел на Маркови Кули, кај месноста Задград. До неа се стигнува по скали издлабени во самите карпи. Се претпоставува дека гробовите најверојатно потекнуваат од 2 или 3 век пр.н.е., но за жал за тоа има многу малку материјални докази.

 

Ссвен оваа на маркови кули има уште 2 вакви големи некрополи со над 400 гробови. Втората се наоѓа на 100-тина метри над манастирот свети архангел михаил. Тоа е исто така едно доста интересно плато со гробници во камен. Третата пак некропола се наоѓа кај преслапот на маркови кули и соседниот рид зеленик каде има од 200 до 300 гробови.

 

Според науката овие гробници ги користело племето Пелагонци кои потоа стануваат дел од античка Македонија.

 

Погледнете го ова уникатно видео за овие некрополи и гробници.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.