Во Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус

Во општина Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, а од оваа заразна болест оздравело едно лице.

 

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 19 лица. Од нив, 16 се позитивни на коронавирус а во делот за изолација се наоѓаат тројца пациенти, сите негативни на КОВИД-19.

 

 

Во самоизолација се наоѓаат 158 лица. Во деновите од викендот забележани се 3 нарушувања на полицискиот час.

 

 

Волонтерската служба на Општина Прилеп започна со распределба на 150 пакети со прехранбени производи, наменети за самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош. Најголемиот дел од пакетите се донација на „Тинекс“, а одреден број донираа и компанијата „Викторија Тобако“ и „Систина офталмологија“.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи