ВИДЕО – Талевски : Воведовме платежни картички за граѓаните, го олеснуваме животот во услови на криза

Предизвиците кои ги наметна пандемијата на коронавирусот, не’ ставија на тест нас и целиот свет. Покажавме одговорност, солидарност, способност за брза реакција и адаптирање кон новонастанатата ситуација. Ние одлучивме дека оваа здравстена и финансиската криза нема да ја гледаме само како проблем и ризик, туку пред се’ како нова можност за нова македонска економија. Истакна на денешната прес конференција Миле Талевски, претседател на ОО СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Владата предводена од СДСМ, воведе три пакети на економско-социјални мерки, чија вкупна вредност е 550 милиони евра и со кои се опфаќаат 730.000 корисници.

 

100.000 граѓани ќе добијат домашни платежни картички, во вредност од по 9.000 денари. Со тоа, ја зајакнуваме потрошувачка на домашни производи и услуги, но пред се’ ја зголемуваме куповната моќ на граѓаните и го олеснуваме нивниот живот во услови на криза.

 

 

Оваа мерка е достапна за сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 денари месечни приходи според Управата за јавни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош.

 

 

Воведовме ваучери за домашен туризам од по 6.000 денари и домашна платежна картичка од по 3.000 денари, за 100.000 граѓани.

 

 

Со оваа мерка, опфатени се сите вработени граѓани кои примаат месечна нето плата под 15.000 денари и немаат други приходи во 2018 година, според УЈП. 

 

 

Граѓаните ќе можат да го искористат ваучерот за одмор и летување во домашните хотелски и другите сместувачки капацитети,  со што директно ќе го зајакнеме домашниот туризам, а платежната картичка за поттикнување на купувањето на домашни производи и услуги.

 

 

Силна поддршка даваме и на нашите млади сограѓани, преку парична поддршка за 100.000 студенти и средношколци.

 

 

Мерката вклучува ваучери од најмногу 6.000 денари за покривање на партиципација во Универзитет и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци, како и платежна картичка за овие млади, во вредност од по 3.000 денари за домашни производи и услуги.

 

СДСМ е одговорна партија. Ние сакаме консензус за важни прашања, како што се изборите. Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ упорно избегнува консензус, тогаш изборите по сила на Закон ќе бидат на 21 јуни.

 

Во време кога земјите во соседството, како што се Србија и Хрватска, брзаат да организираат избори за да не влезат во нов пик на коронавирусот и со тоа во нова криза, Мицкоски и ДПМНЕ бараат одлагање на изборите за наесен кога според СЗО се очекува нов бран на болеста.

 

Затоа, нема да дозволиме незрелото и неодговорно однесување на Мицкоски да ја турне државата во здравствена, финансиска и политичка криза.

 

Имаме одговорност пред граѓаните и државата. На граѓаните им требаат целосно функционални институции, со нов мандат, за да им служат и да се подготват за новиот бран од коронавирусот“, истакна Талевски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи