ВИДЕО – Тутунарите од Заполжани погодени од невремето бараат обештетување и помош од државата и општината

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Силно невреме со проследено со град вчера попладне околуи 16 часот направи вистински пустош во атарот на селото Заполжани во Општина Долнени. Според изјавите на жителите невремето кое траело 20-тина минути уништило од 90 до 100 % од расадите со тутун, како и дел од новите насади. Заполжани секоја година сади околу 250 хектари со тутун и произведува околу 220 тони од жолтото злато. Тутунопроизводителите сега бараат итна проценка на штетата и обештетување од страна на државата и општината.

 

 

„Штетите се околу 90 до 100%, скрос, сето е уништено, ништо нема останато. Понатаму не знам, расад друг нема, 100% е уништен, тоа што е насадено е исто 100% уништено, не знам како понатаму. Само од тутун живееме, друго ништо“, рече Николче Николоски, тутунопроизводител од с. Заполжани.

 

„Расадите се преку 90% оштетени, а тутунот се уште не беше почнат да се расадува по нивите. Бараме да дојди комисија да направи процена на штетата“, истакна Даниел Ацески, тутунопроизводител од с. Заполжани.

 

Се плашат дека нема да најдат расад затоа што оваа година поради временскиите услови, колилчините на расад за тутун биле намалени. Бараат и за ова помош од институциите.

 

„Расадите се 99% поништени, од овој расад ние не очекуваме повеќе да насадиме“, додаде Бранко Тренкоски, тутунопроизводител од с. Заполжани.

 

„Помош од општината, ако има државата нешто да се помогни“, вели Владо Николски, тутунопроизводител од с. Заполжани.

 

Земјоделците повторно побараа да се врати стариот систем на градобитна одбрана и повторно потсетија дека осигурителните компаниии од нејасни причини не ги осигуруваат посевите со тутун.

 

„Осигурителните компании лани не го осигуруваа тутунот, не знаеме одоговор зошто. Топчињата што си беа претходно,  да се вратат назад за да имаме заштита од град“, изјави Гоце Јончески, претставник на Сојузот на тутунари на Македонија.

 

Од Општина Долнени истакнаа дека ќе се формира комисија која ќе излези на терен за да направи проценка на штетите.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи