ВИДЕО – Започна асфалтирањето на постоечкиот пат Прилеп-Градско, од Дреново до Фариш, треба да биде готов за 10-тина дена

Започна рехабилитацијата и асфалтирањето на постоечкиот пат Прилеп-Градско, во делот од Дреново до Фариш во должина од 10 км. Делницата е широка околу 7 метѕри и со годинии беше во катастрофална состојба, иако ова е единствениот пат, освен преку Скопје, кој ја спојува Источна со Западна Македонија. Се планира овој дел да бидие завршен за 10-тина денови. За кратко се планирало и објавување на тендер за рехабилитација од Фариш до Прилеп во должина 19 км, и изградба на трета лента на Плетвар таму каде што ја нема.

 

 

„Во очекување сме на распишување на тендерот за патот од Фариш до Прилеп, 19-те километри и уште 4 километри плус, за кои се обезбедени ИПА средства и на тој начин би очекувале исто така да се распиши тендер за делот каде што треба да се прави реконструкција на местата каде што има по две ленти“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

 

Инаку долго време е во застој изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, исто во делото од Дреново до Фариш откако Владата го раскина договорот со шпанската компаниија Рубау. Сега нов тендер за експресниот пат ќе имало за 10-тина денови.

 

„Во вторник ќе бидат испратени на одобрување документациите во ЕБОР Значи завршени се проектирањата, проценките, сите останати работи и очекувам некаде за 7 дена да ни одговорат, а припремата на документацијата ја правеа инжинерите од Јавното претпријатие за државни патишта, главниот надзор, консултанти од ЕУ, консултанти од Градежен факултет и верувам дека до секој детал се внимаваше за да нема веќе вакви застои“, истакна Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

 

Се очекува за 1 една година постоечкиот пат од Градско до Прилеп целосно да биде рехабилитиран и преасфалтиран. Но за експресниот пат засега никој не спомнува за колку години би бил готов.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.