Казни од 2.000 евра за 24 прилепчани за прекршување на полицискиот час

 

 

Основното јавно обвинителство Прилеп денеска до Основниот суд Прилеп поднесе предлози  за издавање казнени налози против 24 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

 

Обвинителството поведе постапка и против едно лице од Крушево, па до Основниот суд Крушево поднесе предлог за издавање казнен налог заради непостапување според донесената забрана за движење на населението на територијата на државата во определени временски периоди.

 

Обвинетите го прекршиле полицискиот час во Прилеп и во Крушево, па обвинителството за секого од нив предложи парична казна од 100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.